Дијагностицирање на проблемите за вашиот автомобил е важно пред да излезете во сообраќај и пресудно за да се чуствувате безбедно кога ќе седнете за воланот на вашето возило.
Од 1998 година нашите клиенти добиваат професионална и комплетна услуга за својот автомобил. Нашиот сервисен центар е стручен и ги решава и најсложените поправки. Брзо и навремено се отстрануваат лоцираните дефекти, без разлика колку тоа да изгледа ситно или големо.
Располагаме со соодветни инструменти кои директно се поврзуваат со системот на возилото, според кои се добива целосна слика за состојбата на возилото и евентуалните поправки кои треба да следат.